Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Годишнина од смртта на Михајло Пупин – научникот што ја изгради камбанаријата на „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид
    Култура

    Годишнина од смртта на Михајло Пупин – научникот што ја изгради камбанаријата на „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид

    12/03/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На денешен ден во 1935 година, во Њујорк почина светски познатиот научник Михајло Пупин, еден од великаните на физиката и електротехниката, кој остави длабока трага во развојот на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата.

    Пупин бил професор по физика и математика на Универзитетот Колумбија во САД, каде дал значаен придонес во областа на електротехниката. Тој го пронашол системот на повеќекратна фотографија и ги открил секундарните рендгенски зраци, но најголем придонес за човештвото дал со решението на проблемот на телеграфски и телефонски пренос на далечина.

    Студирал математика и теориска физика во Кембриџ, а потоа продолжил во Берлин, каде соработувал со Херман фон Хелмхолц. Под негово менторство докторирал со труд на тема „Осмотскиот притисок и неговиот однос кон слободната енергија“.

    Во 1889 година се вратил во Њујорк и станал професор по математичка физика и управник на Електротехничкиот институт на Колумбија. Во текот на својата кариера добил 18 почесни докторати и бил член на повеќе академии на науки, меѓу кои и претседател на Академијата на науките во Њујорк. За автобиографијата „Од имигрант до пронаоѓач“ ја добил Пулицеровата награда во 1924 година.

    Поврзаноста со Македонија

    Според потомците на родот Пупин, семејството има македонски корени и се доселило во Вевчани од Москополе, каде живееле православни македонски и влашки родови. Самиот Пупин често нагласувал дека неговите родители потекнуваат од охридската околија, од западната страна на Охридското Езеро.

    Пупин не ја заборавил татковината на своите предци. Во 1914 година формирал фондација „Олимпија Пупин“, преку која помагал сиромашни деца од тогашна Македонија, меѓу кои имало и ученици од Охрид.

    Тој помогнал и во изградбата на училиштето во стариот дел на Охрид, каде денес е сместена музејската администрација. Особено значајна е неговата донација за изградбата на камбанаријата на црквата „Света Богородица Перивлепта“ („Стар Свети Климент“), за која го донирал тогаш најголемото ѕвоно на Балканот, излиено во Љубљана. Подарил и уште едно ѕвоно, кое и денес постои во Битолско, под Кајмакчалан, во чест на загинатите Македонци на Солунскиот фронт.

    Меѓународен углед и признанија

    Пупин бил близок со американскиот претседател Вудро Вилсон и активно се залагал за заштита на правата на малите народи. На Париската мировна конференција се залагал Македонија да добие автономија.

    Бил член на повеќе академии на науки и уметности во светот, како и член на Српската академија на науките и уметностите. МАНУ и САНУ заеднички го афирмираат неговото дело, а во Вевчани во 2008 година е отворена Спомен-соба во негова чест. Со својата научна генијалност и хуманитарна дејност, Михајло Пупин останува една од најзначајните личности од светската научна историја со силна врска со македонскиот културен простор.

    Поврзани вести:

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    електротехника научник охрид физика
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    03/10/2026

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    03/10/2026

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.