„СДСМ се како грамофонска плоча истата приказна ја вртат секој ден, постојано фабрикуваат, шират лаги и манипулации. Приказната им е иста во секое соопштение или прес-конференција,” велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија Венко Филипче и СДСМ лажеле дека никогаш не говореле за мигрантски кампови во Македонија, а Филипче кажа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа.
„Денес 4 месеци подоцна нема ниту договори, ниту преговори, ниту пак планови за отворање мигрантски кампови во Македонија. Ова беше потврдено и од највисоките државни институции, како и од меѓународни претставници, објавија од ВМРО-ДПМНЕ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
