„Срамна и безобразна е изјавата на Мицкоски кој граѓаните и работниците кои едвај врзуваат крај со крај ги нарече хистерични,” велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека над 200.000 работнички семејства живеат тешко, а Мицкоски ги прави хистерични.
„Не е хистерија да се бара достоинствена плата, тоа е борба за достоинствен живот, да можат граѓаните да обезбедат пристојна живејачка, леб на масата, храна во фрижидерот, да можат да платат сметки и да школуваат своите деца. Сега, кога поскапе горивото се очекува и зголемување на цените на храната и останатите производи”, реагираат од СДСМ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
