Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»За време на летниот распуст, општина Аеродром реконструира дел од градинките и основните училишта
    Увид во реконструкција ФОТО/Фејсбук профил на општина Аеродром
    Скопје

    За време на летниот распуст, општина Аеродром реконструира дел од градинките и основните училишта

    04/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески преку својот фејсбук профил извести дека во текот на летниот период интензивно се работи на подобрување на условите во детските градинки и во основните училишта во Општина Аеродром, каде што покрај редовното бојадисување и темелно чистење, се вршат и поголеми зафати.

    „Во детската градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче, беа санирани дел од тоалетите, а целосна реконструкција се направи и на големата тераса на која старите и дотраени плочки се заменија со нови за безбедна настава и игра на дечињата. Исто така, набавени се и нови детски реквизити што во наредниот период ќе бидат монтирани во дворот на градинката, со што децата ќе имаат можност на уште позабавен начин да го минуваат времето надвор, истакна Митески во својата објава.

    Денеска, покрај „Буба Мара“, тој го посети и ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, каде што исто така, како што вели, летниот распуст со полна пареа се користи за значајни зафати за обнова и реконструкција.

    „Она е што е ново е поставувањето на фотоволтаици, кои се донација од општествено-одговорна компанија, како и инсталирање паметен систем за следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во училиште, во соработка со Министерството за енергетика, рударство и минералните суровини и Македонски Телеком. Со овој проект очекуваме во голема мера да се намалат сметките, но и паметно да се управува со потрошувачката на електричната енергија. Во овој период во ООУ „Лазо Ангеловски“ се молерисуваат 14 училници, се отстрануваат дрвените панели од ходниците и естетски се уредуваат ѕидовите, се врши санација на таванскиот дел меѓу училиштето и фискултурната сала, а се менуваат и влезните врати на училиштето и на фискултурната сала, објаснува Митески.

    Тој додава дека ќе продолжат и во наредниот период интензивно да работат на реконструкција и санација и во други училишта и детски градинки.

    Оваа година за таа немена издвоени се околу 9 милиони денари.

    Поврзани вести:

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Урсула фон дер Лајен

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Урсула фон дер Лајен

    Ѓорѓиевски: Скопје става крај на неконтролираното вработување, приоритет добива оперативниот кадар

    Ѓорѓиевски: Скопје става крај на неконтролираното вработување, приоритет добива оперативниот кадар

    Нова автобуска линија 35 ги поврза Бутел и Аеродром

    Нова автобуска линија 35 ги поврза Бутел и Аеродром

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    аеродром градинки
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    02/10/2026

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    02/10/2026

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    02/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.