Државната комисија за спречување на корупцијата не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг”, за која опозицискиот СДСМ тврдеше дека е на неговиот татко и дека добивала тендери од државни институции.
Постапката што ја водеше Антикорупциската комисија е запрена.
Софија Спасовска-Медарска, член на ДКСК, вели дека во минатото постоела повзраност на членови на семејството на актуелниот директор со тоа трговско друштво, но во моментов таква поврзаност нема.
Претходно, опозициската СДСМ обвини дека 161 тендер наводно добила фирма на блиско лице на директорот на владината служба. Томовски ги отфрли обвинувањата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
