Акција за заловување на бездомни кучиња ќе се спроведува на подрачјето на Општина Карпош, во соработка со Град Скопје и јавното претпријатие „Лајка”. Одлуката беше донесена на денешната седница на Советот на Општина Карпош, каде советниците ја поддржаа меѓуопштинската соработка за справување со проблемот со кучињата скитници.
За оваа намена општината ќе обезбеди финансиски средства во износ од два милиона денари. Заловените кучиња ќе бидат третирани согласно законските процедури преку службите на ЈП „Лајка”. Мерката е дел од пошироките активности за подобрување на јавната безбедност и условите на јавните површини во општината.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
