Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Премиера на концертот за деца „Магичната флејта на Вулфи“
    Култура

    Премиера на концертот за деца „Магичната флејта на Вулфи“

    10/03/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На 14 март (сабота) во 12 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт за деца „Магичната флејта на Вулфи“.

    Авторка на приказната и нараторка на концертот е Тина Иванова, а на сцената ќе настапи и актерот Мартин Јордановски, миленик на најмладата публика. Диригент е маестро Иван Еминовиќ, а оркестарот ќе изведе избрани дела од богатиот опус на Волфганг Амадеус Моцарт.

    „Магичната флејта на Вулфи“ е детска книга инспирирана од музиката на Моцарт, но со оригинална и автентична приказна. Таа го следи авантуристичкиот дух на малиот Вулфи и неговата необична средба со магичната флејта.

    Преку палавштини, игри и љубопитни истражувања, Вулфи го открива светот околу себе. Во приказната се појавуваат и други интересни ликови – таткото, тетка Марија Лепка Лепенка, Трепкачкиот сосед чичко Франц и, секако, Магичната флејта.

    Еден ден, љубопитноста ќе го одведе Вулфи во визбата на неговиот татко, каде што ќе ја открие магичната флејта. Нејзините звуци ќе му помогнат да ја оствари својата најголема желба – да стане славен музичар.

    Претставата има забавен и едукативен карактер. Целта е најмладите да ја засакаат музиката на Моцарт и класичната музика воопшто, а истовремено да научат дека фантазијата и искрената желба можат да станат реалност.

    Поврзани вести:

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    детска претстава концерт магична флејта моцарт музика филхармонија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    19/09/2026

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    18/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.