Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»„Тоска“ вечер на сцената на НОБ: Злата Тошевска-Димовска во главна улога
    Култура

    „Тоска“ вечер на сцената на НОБ: Злата Тошевска-Димовска во главна улога

    06/03/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Националната опера и балет вечерва од 19.30 часот ќе ја изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, едно од најпознатите дела од светскиот оперски репертоар.

    Претставата е во режија на Огњан Драганов од Бугарија, а диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартиненги. Сценографијата ја потпишува Зоран Николовски, додека костимографијата е на Марија Пупучевска.

    Во насловната улога – Флорија Тоска – ќе настапи Злата Тошевска-Димовска. Улогата на Каварадоси ќе ја толкува Миша Шешаберидзе од Грузија, додека како Скарпија ќе настапи Леон Ким од Јужна Кореја.

    Во останатите улоги ќе играат Игор Дурловски, Драган Ампов, Марјан Николовски, Кристијан Антовски, Никола Чедомировски и Десанка Глигоријевиќ, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

    „Тоска“ е оперски трилер во три чина, во кој љубовта, љубомората и политичките интриги се испреплетуваат во драматична приказна со силен емотивен набој. Делото е создадено врз либрето на Луиџи Илика и Џузепе Џакоза, инспирирано од драмата на Викториен Сарду. Светската премиера се одржала во Рим во 1900 година, а повеќе од еден век подоцна „Тоска“ останува еден од најизведуваните оперски наслови во светот.

    Поврзани вести:

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    моб ноб опера скопје тоска
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две починати лица пронајдени на различни локации во Скопје

    03/10/2026

    Германци и Турци меѓу најчестите гости во Македонија, расте интересот за земјава

    27/09/2026

    Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“, се санира една од најфреквентните скопски сообраќајни врски

    24/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.