Скопје во март ќе стане центар на регионалната и меѓународната тату сцена, кога во хотелот „Александар Палас” ќе се одржи конвенцијата „Artist Republic 2026″, на која ќе учествуваат повеќе од 150 тату
артисти од различни земји.
Настанот ќе се одржи на 14 и 15 март и има цел да ја промовира тетоважата како современа форма на уметничко изразување и да ја поврзе креативната заедница од регионот и пошироко.
Освен тетовирање во живо, програмата ќе вклучува и музички настапи, панел-дискусии, работилници и интерактивни активности, со што настанот се претвора во целосно креативно искуство за љубителите на уметноста.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
