Загриженост, револт и барање за итна реакција владеат меѓу дел од родителите чии деца учат во основното училиште „Киро Глигоров” во Центар, по инцидент што се случил на почетокот на февруари, кога ученик од четврто одделение извадил нож од училишниот ранец. Благодарение на навремената и смирена реакција на наставничката, не дошло до посериозни последици, а ученикот веднаш бил изведен од паралелката. По настанот била контактирана мајката, која потпишала изјава дека ножот по грешка го ставила во ранецот при подготовка на појадокот.
За дел од родителите ваквото објаснување не е доволно и тие тврдат дека инцидентот не е единствен од овој ученик кој веќе подолго време бил проблематичен и малтретирал соученици.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
