Децата од општина Аеродром ќе добијат
бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција — важен чекор за нивниот правилен развој, сигурност и самодоверба.
Ова се предвидува во меморандумот што го потпишаа градоначалникот Дејан Митески и Здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС“.
Услугата ќе биде бесплатна за лицата што ќе добијат соодветна препорака од Центарот за социјална работа на Град Скопје, а корисници ќе можат да бидат лица со валидна документација согласно со Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
