Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » ЕУ почувствува дека ветото болело, ама на Македонија „нежно” и го става и понатаму
    Колумни

    ЕУ почувствува дека ветото болело, ама на Македонија „нежно” и го става и понатаму

    24/02/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Колумна на Никола Тасев

    Македонија со години и години страда од вета добиени од земји членки на ЕУ. Од Брисел не уверуват дека тоа е нивно право кое мора да го прифатиме и да угодиме на тие што не кочат. Ама, во последно време внатре во ЕУ почнаа државите да си ставаат вета за други одлуки и сега види мајката – ветото било „злоупотреба”.

    Последно такво кукање во Брисел се случи вчера кога министрите за надворешни работи на ЕУ не ја усвоија планираната одлука за заем на Украина од 90 милијарди евра како и намерата да се „бапне” нов пакет санкции против Русија. Унгарија и Словачка рекоа „стоп”, и на Брисел му се крена коса на глава од ветото.

    Истите луѓе кои ни велеа низ годините дека ветото не е страшна работа и може да се тргне некогаш во иднината, сега вриштаат на сет глас за „проблем”, „самоволие” „парализа”. Кога Македонија беше блокирана со вето, тоа беше „европска процедура”. Кога ЕУ самата се блокира, тоа било недозволиво.

    Македонија триесет години живее под ЕУ вето. Прво грчко – за знамето, па за името… Знамето се смени, името се смени, Уставот се смени, државата се преименува. Наместо крај на блокадите, следуваше француско „не”, нови методологии, нови условувања, па бугарско вето со барања што не ги поставува дури ниту окупатор на окупирана земја.

    И пазете, кога сега премиерот Христијан Мицковски не клечи како претходните премиери, туку ги прашува во Брисел – има ли крај ова со ветата – добива одговор дека тоа никој не може да му го гарантира и дека тој само мора да угоди на тие што ги ставаат ветата и да чека што ќе биде понатаму.

    Сега, кога се во прашање други теми, други држави, одеднаш велат нема потреба да се чека, време е да се заобиколи ветото особено ако доаѓа од Унгарија. Чудо. Бугарија може да става вета, ама Унгарија не можело. Но, јасно е, Македонија е таа што е исклучокот, ако реши на пример Унгарија да ни става нам вета – тогаш тоа Брисел ќе го поздрави, а не да го критикува или заобиколува. Тогаш никој во ЕУ не би зборувал за злоупотреба на принципот на едногласност. Едноставно, Македонија е боксерска вреќа каде може секој да вежба – вето – ама, кога е за други работи Брисел увидува дека ударите болеле.

    Па, одеднаш во ЕУ почнаа повици на реформа на гласањето за да се спречи „злоупотребата на принципот на едногласност”. Значи, кога ветото ја
    попречува бриселската агенда, тогаш треба да се менуваат правилата. И? Кога ќе ги сменат, ако ги сменат, за нас во Македонија кое правило ќе важи, новото дека нема едногласност или за нас ќе остане старото правило – кој сака вето може да ни стави. Впрочем гледаме и сега кога се погласно се зборува дека неколку земји можеби ќе бидат примени во втората ЕУ – лига и за нив ќе важат две обврски: ускладување на надворешната политика со онаа на ЕУ, како и човековите права, за Македонија пак има едно плус бараење – да го смени и Уставот.

    Затоа, прашањето повеќе не е дали Унијата треба да се реформира, треба сигурно, туку пред тоа дали конечно ќе си признае дека правилата, правдата и принципите не можат да важат само кога и одговараат.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    02/04/2026

    Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на иницијативност, работење и планско трошење на општинските средства?

    20/03/2026

    ЕУ ја прошири неизвесноста околу своето проширување, ама проширено ветува дека сака проширување

    12/03/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.