Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Претседателката Сиљановска-Давкова прими претставници на иницијативата „Стоп за Усје“
    Скопје

    Претседателката Сиљановска-Давкова прими претставници на иницијативата „Стоп за Усје“

    19/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, примила претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, кои ги образложиле своите ставови за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на граѓаните.

    Претставниците ја истакнале потребата од воспоставување мерни станици со 24/7 мерење на загадувачките супстанци, целосна транспарентност на добиените податоци и усогласување со препораките на Светска здравствена организација за граничните вредности на ПМ10 честичките. Тие споделиле и компаративни примери од други држави каде параметрите се пониски од македонските.

    Како што информира Кабинетот на претседателката, иницијативата истакнала дека наместо да се ангажираат приватни акредитирани лаборатории, процесот на акредитација на државната лабораторија треба да се забрза. Тие очекуваат поголема институционална поддршка и доследно и транспарентно исполнување на законските обврски во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.

    Претседателката Сиљановска-Давкова, пред сè како граѓанка, ја споделила загриженоста за загадувањето на воздухот, почвата и водите, истакнувајќи го ова како едно од најгорливите прашања. Таа ги сослушала аргументите на граѓаните и нагласила дека внимателно ги следи нивните активности насочени кон поздрава и побезбедна животна средина, што го смета за врвен национален приоритет.

    Сиљановска-Давкова потсетила дека во Советот за безбедност го именувала професорот и научникот од областа на метеорологијата и климатските промени, д-р Спиридонов, за да придонесе кон решавање на овие прашања.

    Соговорниците се согласиле дека животната средина е заедничка одговорност и стратешка определба и дека е потребен континуиран дијалог меѓу граѓанските организации, институциите и стопанските субјекти за создавање одржливи и долгорочни решенија. Исто така, било истакнато дека Собранието треба, согласно Деловникот, да обезбеди учество на граѓанските организации во расправата за законите и вршењето на надзорната функција.

    Поврзани вести:

    Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

    Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

    Град Скопје повторно воведува електронско плаќање на данокот на имот

    Град Скопје повторно воведува електронско плаќање на данокот на имот

    Отчет на Ѓорѓиевски: Нови инвестиции го менуваат изгледот на Скопје во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

    Отчет на Ѓорѓиевски: Нови инвестиции го менуваат изгледот на Скопје во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

    28/10/2026

    Град Скопје повторно воведува електронско плаќање на данокот на имот

    27/10/2026

    Отчет на Ѓорѓиевски: Нови инвестиции го менуваат изгледот на Скопје во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

    27/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.