Комуналните екипи на Општина Аеродром спроведуваат интензивно хортикултурно уредување на една од најфреквентните локации во населбата Ново Лисиче, што се наоѓа во делот меѓу станбените згради, паралелно со булеварот „Видое Смилевски Бато”.
Како што информираа од Општината, за првпат по подолг период, се засадува ново зеленило, декоративни растенија и цвеќе, се оформуваат тревни површини и се уредува просторот со цел да се создаде пријатна и уредна урбана целина.
Во изминатиот период бил заменет и плочникот со нови елементи за безбедно движење.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
