Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Колумни»Длабок наклон: 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
    Колумни

    Длабок наклон: 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев

    04/02/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Македонија денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев. Визионерот, учител… кој животот го даде за слободата на Македонија и Македонците. Човек кој воедно пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите за разлика од денешниве светски „визионери“.

    Во чест на раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, повеќе делегации ќе положат цвеќе во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Некои може, пак, како и до сега, само преку Фејсбук ќе споменат некоја пригодна реченица колку да пројде редот…

    На местото на неговото вечно почивалиште ќе има и граѓани кои како и многупати до сега – со длабок наклон ќе изразат благодарност за се што Делчев направи за идните (сегашните) македонски генерации.

    Да потсетиме што Великанот беседеше пред години и години:

    -Делото на ослободувањето на еден народ, е пред сè негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.

    -Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.

    -Тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците.

    -Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа…

    -Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.

    Се потсетуваат ли на ова македонските политичари?

    Инаку, Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

    Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава. Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

    Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

    Поврзани вести:

    Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

    Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

    СДСМ копајќи во својот рудник ја откри демократијата – сега го уважува референдумското изјаснување

    СДСМ копајќи во својот рудник ја откри демократијата – сега го уважува референдумското изјаснување

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на иницијативност, работење и планско трошење на општинските средства?

    Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на иницијативност, работење и планско трошење на општинските средства?

    ЕУ ја прошири неизвесноста околу своето проширување, ама проширено ветува дека сака проширување

    ЕУ ја прошири неизвесноста околу своето проширување, ама проширено ветува дека сака проширување

    Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

    Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

    10/06/2026

    СДСМ копајќи во својот рудник ја откри демократијата – сега го уважува референдумското изјаснување

    24/04/2026

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    02/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.