Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028″.
„Со отворањето на овој конкурс, Скопје влегува во нова фаза во која идеите треба да прераснат во реални, одржливи и европски релевантни културни проекти. Оти „Скопје 2028″ не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба”, информираа од градската администрација.
Првата фаза на селекција на аплицираните проекти ќе ја спроведе независното тело, а втората фаза ќе ја селектирана Главното жири, составено од двајца домашни експерти, уметничкиот раководител, како и два меѓународни експерти од ЕУ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
