Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ќе присуствуваат на официјалното означување на почетокот на изградбата на првата фаза од булеварот Македонија. Проектот опфаќа изградба на пристапите за влез и излез од подземната сообраќајница под станбено-трговскиот комплекс „Лимак“, во централното градско подрачје.
Од Владината прес-служба информираат дека на настанот се предвидени изјави за медиумите од страна на премиерот Мицкоски и градоначалникот Ѓорѓиевски, при што ќе бидат соопштени детали за динамиката и значењето на проектот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







