Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавува Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3).
Програмата има цел да го зајакне партнерството меѓу општината и граѓанските организации преку транспарентна поддршка и поголемо учество на граѓаните во креирањето јавни политики.
Приоритетни области за проекти ќе биде животната средина, социјалата, младите, креативните уметности и културата.
Повикот е отворен од 30.01.2026 до 27.02.2026. Општина Аеродром ги охрабрува сите заинтереси да аплицираат и заеднички да се придонесе за развојот на нашата заедницата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
