Зоолошка градина во Скопје, утрово сопшти дека добиле принова!
Приновата е кај најмалите мајмунчиња на светот: Еден од нашите парови џуџести мармозети доби близначиња, информираат од Скопје ЗОО преку објава на Фејсбук.
Џуџестите мармозети се сметаат за најмали мајмуни на светот и тежат најмногу до 100 грама.
Токму затоа, како што посочија од Скопската зоолошка, и двете бебиња се уште се тешко видливи со голо око.
„Тие постојано се не на грбот на својата мајка, а за нив се грижи целата група“, додаваат од таму.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
