Фондацијата „Македонија 2025“ отвори повик за доделување 20 стипендии за учество на летниот Охрид Камп за технолошка извонредност, наменет за деца и млади со интерес за наука и технологија.
Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност е еднонеделна едукативна програма по кодирање, роботика и инженерско размислување, наменета за деца на возраст од 11 до 15 години од Македонија и од македонската дијаспора. Кампот претставува уникатна комбинација на интензивно СТЕМ учење и летно искуство, кое ги поврзува младите преку знаење, тимска работа, креативност и културна размена, во инспиративниот амбиент покрај Охридското Езеро.

Фокусот на програмата за 2026 година е ставен на поврзување на технологијата со реални општествени и еколошки предизвици, со цел поттикнување на иновативно размислување и создавање решенија со позитивно влијание врз заедницата. Паралелно со техничките знаења, програмата активно ги развива и вештините за 21 век – критичко размислување, креативност, комуникација, лидерство и тимска работа.
Од „Македонија 2025“ посочуваат дека ваквите иницијативи се дел од нивната поширока стратегија за инвестирање во младите и идните лидери.

Повеќе за кампот и начинот на аплицирање на следниот линк: https://macedonia2025.com/open-call-for-scholarships-for-the-ohrid-hi-tech-excellence-camp-2026/
