Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Муамер Сефери, денеска на средба договорија зајакната и интензивирана соработка. Во периодот што следи, тие заеднички ќе се фокусираат на унапредување и одржување на јавните зелени површини- информираат од општината.
Првично додаваат од општината ќе започнат еднонеделна интензивна акција за чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини на целата територија на општината. Активностите ќе се одвиваат низ парковите и сите јавни зелени површини во Кисела Вода, а вакви акции, ќе бидат чести и во иднина.
Акцијата ќе се реализира со целата расположлива механизација и теренски екипи, а ќе опфати собирање на лисна маса, расчистување на паднати гранки и отпадоци, поткастрување на дрвја, сечење суви гранки, како и уредување на јавните тревници. Активностите ќе се одвиваат низ парковите и сите јавни зелени површини во Кисела Вода, а вакви акции, ќе бидат чести и во иднина.
Целта е Кисела Вода да биде почиста, поуредена и попријатна за живеење, и ги повикувам и граѓаните заеднички да придонесеме кон почиста животна средина-додаваат од општината.
