Распишан е конкурсот на општина Центар, за финансирање на проекти од областа на културата за 2026 година. Целта на проектот е да се унапреди и збогати локалната културна сцена.
-Ги повикувам сите уметници, здруженија и организации од областа на културата да се пријават на конкурсот и да бидат дел од центарската приказна“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Предложените проекти треба да бидат од областа на изведбените, музичките и визуелните уметности, уметноста на новите медиуми, издавачката и библиотечната дејност, како и промоција на културното наследство.
Пријавите со целокупната документација може да се достават по пошта на адреса Општина Центар – Скопје, Сектор за јавни дејности, Одделение за култура, ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, или лично во Архивата на Општина Центар (барака 6), секој работен ден од 9 до 15 часот.
Рокот за пријавување е 10 дена од денот на објавувањето на конкурсот на општинската веб-страница.
