Мостот на булевар АСНОМ во Керамидница наскоро ќе биде целосно ставен во функција, информираат од општина Гази Баба.
– Новиот мост кој ги поврзува општините Гази Баба и Аеродром добива завршница и станува една од најважните сообраќајни врски во градот. Градот Скопје со засилена динамика работи на експропријацијата на преостанатите објекти и пробивањето на улиците, со цел булеварот да се стави во целосна функција што е можно побрзо, порача Стефковски.
Тој дадава дека ова не е само улица туку нова сообраќајна артерија која ќе го растерети метежот, времето на патување и побрза и побезбедна комуникација меѓу граѓаните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
