Изминуваат првите 100 дена од мандатите на градоначалниците по скопските општини. До крајот на јануари, оние што беа избрани во првиот круг ќе треба пред граѓаните да дадат отчет што сработиле во овој период.
Некои работи се размрдаа, но некои се некако заборавени. На пример, проблемот со многуте хаварисани возила по скопските паркинзи не се решава како што треба. Полни се дури и скопските тротоари, па и зелените површини со такви возила.

Според анализа од пред неколку години, овие возила што со години чмаат, заборавени од нивните сопственици блокираат околу 10 отсто од паркинг просторот во Скопје. А скопјани мака мачат со простор за паркирање.
Со години имаше најави, а и некакви акции за отстранувања на ваквите возила, ама на терен друго се гледа. Затоа нека побрзаат градоначалниците за и ова да го вбројат во започнато да се сработува во првите 100 дена од мандатот.
