Скопје има потреба од многу нови градби. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го чекаат и неколку градби кои се одамна започнати ама немаат завршница.
Скопјани издвојуваат 5 проекти на кои треба засилено да се работи во 2026 година:
– Да се стави во функција мостот во Аеродром на булеварот „АСНОМ” кој треба да ја поврзе опшината со Гази Баба. Таму треба да се направат пристапните улици.
– Градежни машини треба да поработат и кај неискористениот мост во општина Карпош кој треба Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, да ги поврзе со „Илинденска”.
– Градежни работници мора да се ангажираат околу Универзалната сала. Ингеренциите се и кај министерството за култура, но сала го чека и градоначалникот да ги забрза работите оти предолго стои руината.
– Подземната сообраќајница под комплексот „Лимак” во годината која доаѓа треба да е приоритет за работење.
– Најавените ролеркостери, адреналинската машина за летање и другите реквизити време е во годинава што следи да се поставаат во новиот Луна Парк.
Новиот градоначалник за дел од ове проекти веќе најави или почна со активности, па скопјани се пооптимисти дека и ќе ги реализира, за разлика на неговите претходници.
