Евроинтеграциското патување на Македонија е исполнето со уцени, притисоци и вета. На тоа македоснката политика треба да одговори мудро и пред се здружено.
Токму за потребата од здруженост по ова прашање вчера зборуваше и претседателката Гордана Силјановска – Давкова.
„Ако изминативе години некои наши политички и партиски лидери градеа национален консензус пред да одат во Брисел, како држава ќе избегневме погрешни чекори и непотребни отстапки и ќе заслужевме почит”, истакна таа, потенцирајки дека разногласието за прашања од национален интерес од нас направи слаба држава.
Но, Лидерот на СДСМ Венко Филипче веднаш по говорот на претседателката изјави дека претседателката ја води Македонија кон изолација и ја затвора европската перспектива на државата.
Од друга страна премиерот Мицкоски веќе подолг период укажува дека услов за смена на уставот се јасни гаранции од ЕУ за македонскиот идентитет и јазик и гаранција дека пристапувањето ќе без нови билатерални пречки.
Има ли шанса досегашното разногласие да се надмине? Ќе работаат партиите ли на толку потребното заедништво?
