– Навистина е лицемерно СДСМ да говори загаден воздух. Ветуваа „ајро ајро“ на митинг, почист воздух, а во суштина нивен министер протестираше против загадувањето на воздухот наместо да преземе мерки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како одговор на барањето на советничката група на СДСМ во Град Скопје за закажување вонредна седница на Советот за проблемот со загадувањето.
– Во време на СДСМ, парите наместо за животна средина и почист воздух, се трошеа 1.6 милиони евра за лубриканти. За 7 години можеа барем за 10% да го намалат загадувањето на воздухот, ама приоритет им беше градење згради, како што сакаа во Ѓорче во Хром да никнат 100 згради во 2020 година и Расадник исто така 100 згради исто периодот 2020 година.
Да резимираме, доколку СДС навистина сакаше, можеше да преземе нешто, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму направија и резиме што како централна власт преземале за 1,5 година, во соработка со локалната самоуправа:
– Стратегија за почист воздух 2024-2030
– Субвенции за инвертер клими
– Прочистувачи на воздух низ градинките во Скопје
– Масовно пошумување на државата
– Гасификација на државата
– Град Скопје воведе мерки и препораки до граѓаните за заштита од загадениот воздух
– Изградба на 2 когенеративни централи на влезовите во Скопје
– Паркови со клупи во кои има вградени прочистувачи на воздухот
– Ова се само дел од чекорите кои ги имаме преземено, во делот справување со загадениот воздух, соопштија од влаејачката партија.
