– Скопјани се гушат во загаден воздух со денови. Скопје според официјалните податоци е најзагаден град во Европа, затоа бараме прогласување на еколошка и здравствена кризна состојба во градот, се кажа на прес-конференцијата на советничката група на СДСМ во градскот совет.
Од партијата бараат да се донесе Одлука со која намалувањето на загадувањето на воздухот се утврдува како приоритет, и да се даде приоритет на финансирањето на мерки од Градот Скопје, бидејќи досега не се инвестираат пари во проекти за почист воздух, граѓаните се оставени сами на себе.
– Тоа мора да се промени веднаш, за здравјето на скопјани се работи, за половина милион жители, деца, возрасни, млади, сите се засегнати! Затоа Советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје поднесе иницијатива за свикување вонредна седница на Советот на Град Скопје. Бараме поддршка од сите советнички групи во Советот да ја оджиме оваа седница и да утврдиме заклучоци и итни мерки. Здравјето на скопјани е во прашање и затоа заедно да донесеме мерки за решавање на проблемот, велат од СДСМ.
Нивната советничка група на седницата ќе ги предложи следните мерки: Бесплатен јавен превоз во деновите кога воздухот е загаден, да се побараат пари од владата за бесплатни филтри на оџаците на големите загадувачи, пренамена на пари за прочистувачи, за граѓаните за еколошко греење, да се донесе забрана за греење со дрва и јаглен во подрачја со достапно централно греење, понатаму расчистување на дивите депонии на територија на Град Скопје, миење на улиците, пари за еколошки проекти.
