Интензивно се работи на сообраќајницата кај Момин поток. Нашата ТВ екипа на терен затекна работници и булдожери кои го средуваат теренот.
„Наскоро скопјани ќе возат по нов булевар”, напиша и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
Тој информираше дека во моментов напредува изградбата на атмосферската канализација која ќе се наоѓа во средишното зеленило на булеварот Никола Карев на потегот од река Серава до раскрсницата со булеварот Словенија.
Инаку, се работи и на левиот крак од новиот мост на река Серава, а во тек е и отстранување на објектите што се наоѓаат на трасата, со што ќе се откочи целиот процес за изградба на новиот булевар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
