Осум лица се повредени во несреќата која што се случи синоќа околу 20 часот на автопатот Гостивар-Тетово, веднаш после клучката Камењане.Се судриле две патнички возила „мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и „бмв“ со тетовски таблички.
Во несреќата повредени се осум лица, кои веднаш биле пренесени со возила на Брза помош во Клинички центар Тетово. Од полицијата информираат дека додека се расчистувале остатоците од несреќата и додека траел увидот, сообраќајот се одвивал по една коловозна лента.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
