Агенцијата за катастар на недвижностите и општина Кисела Вода ќе ја зајакнуваат меѓусебната соработка. На денешната средба на
градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска и директорот на катастарот, Иван Живковски било констатирано дека модерното и транспарентно управување со податоци е неопходно за развој на општината, подобро планирање и подигнување на квалитетот на услугите.
Kако што соопштија од Општината, посебен акцент бил ставен на можностите за интеграција на дел од дигиталните системи со олеснет пристап на локалната самоуправа до катастарските податоци, што ќе придонесе за побрзо постапување по барањата на жителите и поголема ефикасност при издавање документи и спроведување урбанистички процеси.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
