Новиот скопски градоначалник, а и неговите општински колеги се растрчани да го потсредуваат градот. Сепак на многу скопските улици има дупки кои чекаат да бидат санирани. За побрзо да ги најдат таквите места Прва Скопска ТВ ги пренесува јавувањата на скопјани кои посочуваат каде треба да има соодветна градежна реакција.
На пример Михајло Ицев ни испрати фотки со локации на три дупки, за кои како што вели неколку месеци се несанирани. Две дупки се во општина Центар, на улицата Загребска, на спојот со улицата Антон Попов. Третата дупка е во општина Гази Баба на вртењето кон училиштето Коце Металец.
Лујза Стојковска пријави дупки на улицата 29 ноември во Центар пред Домот за слепи лица.
Борис Нацев ни испрати две фотки од дупки, првата пред Министерството за надворешни работи, а втората на улицата Џон Кенеди во Чаир.
Тони Бадаревски ни испрати слики од дупки кои треба да се санираат во Радишани.
Нашата редакција и понатаму стои на располагање на скопјани за да ги откриеме дупките низ Скопје и да им помогнеме на градоначалниците да ги најдат и закрпат. Пријавете дупка на улица на нашата е-маил адреса: info@prvaskopska.mk
