Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија, подготвени сме за рационални решенија согласно европски вредности
    Политика

    Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија, подготвени сме за рационални решенија согласно европски вредности

    16/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска изјави дека се работи на засилување на динамиката на средби со официјална Софија и оти сме подготвени за изнаоѓање на рационални решенија во рамките на европските вредности, но наше и да ставиме јасна црвена линија дека по однос на одредени прашања поврзани со идентитетските атрибути.

    -Наше е да нудиме решенија, но наше и да ставиме една јасна црвена линија дека по однос на одредени прашања македонските граѓани и нашата Влада не се подготвени да преговараат и разговараат. По однос на редефинирање на нашиот идентитет, по однос на прашања од историската природа кои можеме со апсолутна сигурност да ги констатираме, по однос на прашања со другите идентитетски атрибути на македонскиот народ, за такви прашања не сме подготвени да разговараме, но, да, сме подготвени за изнаоѓање на рационални решенија во рамките на европските вредности и секаде онаму каде што има волја, може да се најде соодветен пат, изјави Муцунски на прес-конференција во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

    Тој истакна дека се работи на засилување на динамиката на средби со официјална Софија и оти постои иницијатива за средба на Самитот на НАТО во Хаг кон крајот на месецов.

    -Се надеваме дека таа средба ќе се оствари, има засилена комуникација во следните денови, се уште не можеме ништо да потврдиме. Претседателката Сиљановска Давкова, јас заедно со министерот за одбрана ќе бидеме дел од таа делегација и се надеваме дека една таква средба ќе може да даде импулс кон изнаоѓање на некое решение, рече Муцунски одговарајќи на новинарски прашања.

    Потсети дека земјава е посветена на евроинтеграциите и дека се преземени конкретни чекори како државата да се движи напред во евроинтеграциите.

    -Во последната година од мандатот на Владата, станавме прва земја од регионот која потпиша Партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ, станавме дел од заедничкиот европски систем на плаќање – СЕПА. Станавме прва земја во регионот којашто прими средства од Планот за раст. Што значи дека ние не само што сме покажале дека сме посветени на процесот на евроинтеграција, туку имаме и конкретни придобивки од тоа што чекориме напред кон ЕУ. Затоа, велам, преземени се конкретни чекори како државата да се движи напред кон полноправно членство, но таа политичка бариера од Бугарија постои, бидејќи овие мерки ја движат напред земјата кон полноправно членство во ЕУ, но никако не можат да го заменат процесот на отварање на преговори, порача Муцунски.

    Тој информира дека имаат и тековна комуникација со сите земји-членки, фокусот е со Европската комисија и со Европскиот парламент, како и колку што е можно соодветни канали на комуникација со Бугарија, којашто го блокира овој процес.

    -Не велиме дека ќе биде лесно, но сметаме дека доколку имаме принципиелни позиции, доколку имаме јасен став, доколку Бугарија развие свест за геополитчките случувања – ќе има разбирање и во Софија дека треба што побрзо да се откочи овој процес, оцени Муцунски.

    Премиерот Христијан Мицкоски викендов информираше дека е остварена комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во државава по иницијативата за средба со бугарската страна и оти има предлог термин, за кој се чека да се изјасни Бугарија. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, пак, во петокот кажа дека иако е правило да има средба со својот хомолог не е проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељазков на Самитот на НАТО во Хаг, со оглед дека е потврдено оти нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев не доаѓа во Хаг, во насока на деблокирање на нашите евроинтеграции.

    Поврзани вести:

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    Премиерот Мицкоски на средба со Македонците во САД

    Премиерот Мицкоски на средба со Македонците во САД

    Чонески: Крушево добива нова спортска сала, обиколница и модерна инфраструктура

    Чонески: Крушево добива нова спортска сала, обиколница и модерна инфраструктура

    Филипче: Мицкоски не е на списокот за средба со Трамп

    Филипче: Мицкоски не е на списокот за средба со Трамп

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    21/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    21/09/2026

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.