Обрнува ли Македонија доволно внимание кон младите и талентирани студенти? Ова е прашање на кое треба често да се дава одговорот и од државните институции, но и од компаниите.
Таков одговор уште пред 18 годии си даде Фондацијата „Трајче Мукаетов” која редовно секоја година доделува 40 стипендии за студенти од Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет. Вчера беше доделена и еднократна парична награда од 1.200 евра на првенците на генерација на двата факултета.
Браво!
Ќе биде ли заразно ваквото делување на Живко Мукаетов, претседател на Фондацијата и генерален директор на „Алкалоид” за и други бизнисмени и компании да се однесуваат вака општествено корисно? Помош и стимул за понатамошен развој на младите е и те како потребно. Странците не губат време, ни ги земаат младите таленти, мора и овде да се покаже дека се почитувани, ценети и дека во Македонија е нивната иднина.







