Прекинато водоснабдување денеска од 10:30 часот ќе имаат корисниците на дел од улица Македонија (односно потегот од улицата „Даме Груев“ до Рекорд), соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Прекинот на водознабдувањето ќе трае до завршување со активностите.
Причина за прекинот на водоснабдувањето е промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул. Македонија бб (кај хот.„Буши“) во општина Центар.
