Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше за интензивно чистење и одржување на кејот на реката Вардар. „Екипи на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото,” напиша Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека ова ќе биде трајна практика и Кејот ќе се чисти секојдневно.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
