Водата е ресурс од највисок стратешки интерес за државата и нејзиното одржливо управување е клучно за економијата, земјоделството и здравјето на граѓаните, порачаа претставници на институциите на денешниот настан „Денови на Вардар 2025″.
Владата ја започнала програмата со поддршка на Швајцарија за да воспостави нов модел на управување со водите, кој ќе обезбеди одржливост на ресурсот и заштита на јавниот интерес.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најавија дека до 2027 година треба да се оформи детален план за протокот на водите во Вардарскиот базен, што ќе обезбеди одржливи капацитети за земјоделството и руралните региони.
Планот за управување со сливот на Вардар ќе опфати 80 проценти од водните ресурси и ќе го дефинира новиот плански период 2028–2033 година.
