Општина Гази Баба го поддржа проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински детски градинки“ и ќе обезбеди целосно бесплатен престој и инклузија на овие дечиња во предучилишното образование.
„Инклузијата се спроведува во клоновите на градинката 25 Мај, каде што родителите се целосно ослободени од надоместок за престој на нивните деца“, посочи градоначалникот Бобан Стефковски.
Тој додаде дека секое дете е драгоцено и затоа Гази Баба активно работела тие дечиња од најмала возраст да бидат вклучени во воспитно-образовниот процес и да ги имаат истите можности како сите други.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
