На површина од 400 м2 во спортско-рекреативниот центар “Македонија” во општина Бутел изгради ново детско игралиште. Покрај ова, реконструиран е и малиот плоштад, а поставена е и нова урбана опрема, нова ограда и ново осветлување, инфомираа од Општината.
Од таму известија и дека во населеното место Радишани е изградено ново корито на река Серава, пешачка патека, фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, баскет игралиште со специјална подлога, детско игралиште со мека подлога, фитнес зона и нов парк.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
