Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»ЈСП „Скопје“: Не е вистина дека имало заглавени лица на жичницата на Водно
    Скопје

    ЈСП „Скопје“: Не е вистина дека имало заглавени лица на жичницата на Водно

    19/11/20251 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ ги демантира објавите во дел од медиумите за инцидент на жичницата на Водно во кој наводно биле спасени тригодишно дете и три возрасни лица.

    Во соопштението, ЈСП „Скопје“ наведува дека на денешен ден не е евидентиран таков настан ниту, пак, настан од сличен карактер.

    „Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги доведува граѓаните во заблуда. Начинот на кој е претставен настанот создава погрешна слика за актуелната состојба и непотребно предизвикува паника и несигурност кај јавноста“, се вели во соопштението.

    Од ЈСП „Скопје“ сметаат дека ваквото пласирање непроверени информации, без јасен контекст и утврдени факти, претставува несериозен и неодговорен пристап.

    Претпријатието очекува од медиумите професионално и точно информирање, наместо сензационализам и објавување содржини што ја нарушуваат довербата кај граѓаните.

    Денеска дел од медиумите пренесоа дека четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, се спасени од планината Водно откако останале заглавени поради лошите временски услови и прекинот на електричната енергија на жичницата.

    Поврзани вести:

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    27/10/2026

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    27/10/2026

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.