Полиција поднесе кривични пријави против пет лица поврзани со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга. Меѓу петмината е и поранешниот градоначалник на Струга Рамис Мерко, кој се товари за „Злоупотреба на службена положба и овластување”.
За потсетување на 15 октомври годинава, како инвеститор на катарстарска парцела во Струга, првопријавениот спротивно на решението за издавање заштитно конзерваторски услови, со градежна механизација срушил стара струшка куќа и при правење ископ, ги поткопал темелите од јужниот ѕид на соседната спомен куќа-музеј на Владо Малески, која од 2017 година, претставува споменик заштитен како значајно културно наследство.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
