Шокот од резултатите на локалните избори уште трае во СДСМ. Тоа се гледа и од самите постапки во партијата, а и од изјавите на нивниот лидер Венко Филипче – дека се на добар пат.
Па иако многумина бараат оставки од партиското раководство, баш таа партиска врхушка избра да тренира строгост на и така малиот број советници по општините што ги освоија.
Колкав е шокот, а и демократскиот капацитет на СДСМ говори и вчерашната најава дека ќе го исклучат од партијата Радослав Трошановски, советник во Општина Карпош, кој гласал за изборот на Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Советот. Советникот сигурно сакал општината да профункционира, ама во друг филм е раководството на СДСМ и најверојатно сака вака да го дисциплинира своето членство по катастофалниот пораз. Среќа немаат многу советници па не мора многу да трошат енергија да ги контролираат и да им наредуваат како да гласаат.
