Македонскиот народен театар со гордост ја најавува премиерата на претставата „Варвари“ – дело на големиот руски писател Максим Горки, во режија на проф. Владимир Милчин. Премиерата ќе се одржи на 13 ноември, а следната изведба е закажана за 14 ноември 2025 година.
Во оваа амбициозна сценска постановка учествува импресивна актерска екипа:
Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа Насевска-Трифуновска, Владо Јовановски, Григор Јовановски, Ана Стојановска, Оливер Митковски, Тања Кочовска, Александар Микиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Јордан Симонов, Сашка Димитровска, Емил Рубен, Александар Ѓорѓиески, Дамјан Цветановски, Ивица Димитријевиќ, Александар Михајловски, Јана Вељановска и Стефан Спасов.
„Чувствував обрвска да ја поставам оваа драма. Таа не е умрена драма, бидејќи се уште има што да ни каже. За тоа дека е неопходна солидарност помеѓу луѓето, за да можат полесно да преживеат кога ќе се најдат под каков било притисок. Молчењето не е злато, напротив. И не случајно оваа драма не е одиграна ни на руски, дури ни во земјата во која живеел авторот, пред да се пресели во Италија, за да не биде убиен. Ова го кажувам оти приказната за Горки се третира како тој да бил со „црвените“ и му било мед и млеко. Не му било мед и млеко ни нему, ни на неговото семејство“, вели Владимир Милчин, режисер на претставата „Варвари“, пред премиерата.
Фото: Принтскрин/Facebook
