Почетниот умпулс за почисто Скопје даден од градоначалникот на Орце Ѓорѓиевски добро се разви во првите 72 часа. Се собраа над 4 илјади тони отпад и ѓубре кое за жал долг период беше расфлано низ главниот град.
Импулсот мора да продолжи и градоначалникот не смее да се опушти по добриот почеток. Напротив треба уште повеќе да сработи на ова поле, оти има уште ѓубре кое не е собрано.
Но, сега е време да се отвори и прашањето кој импулс ќе го пратат скопјани. Ќе се трудат исчистеното да остане такво или пак ќе си продолжат со своите стари навики да фрлаат отпадоци и ѓубре насекаде. Диви депонии имаше на сите страни. Отпадоци има по улиците многу повеќе отколку во кантите.
Скопје вистински ќе биде чисто само ако се сменат овие навики, а воедно градоначалникот да продолжи да работи како што почна.
