„Помина рокот од 72 часа за чистење на Скопје, морам да кажам дека сум задоволен како помина, со оглед на тоа што затекнав кога ја преземав функцијата, кажа пред малку Орце Ѓорѓиевски на прес конференција.
„Собравме преку четири ипол илјади тони отпад, го исчистивме коритото на Вардар, почнавме да го чистиме Вардариште, ја исчистивме допонијата кај гробиштата во Бутел“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.
Тој кажа дека тука нема да застанат и секојдневно ќе се продолжи со чистење.
Ѓорѓиевски се заблагодари на општествено одговорните компании кои се приклучиле на акцијата, но и на неговите колеги од Тетово, Велес, Кавадарци и од други градови кои помогнале со механизација и луѓе.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
