Ќе се надополнува возниот парк кој го врши јавниот соображај во Скопје. Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски кажа дека веќе разговарал со дел од стручните служби на ЈСП и се преземаат итни чекори во насока на адаптирање на сите оние автобуси кои со месеци стојат неисправни.
Воедно веќе од утре од приватните превозници дополнителни 60-тина автобуси ќе бидат пуштени во оптек.
Се очекува ова во првиот момент барем малку да го нормализира транспортот низ Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
