Истекуваат последните денови па дури и часови од мандатот градоначалничка Данела Арсовска. Ќе има ли таа обемен извештај за сработеното како што имаше обемна програма и ветувања кога дојде на функцијата? Скопјани треба да слушнат и видат што се реализирало, каде се трошеле градските пари и по што треба да го памети нејзиниот мандат.
Таа пред 4 години вети многу убави и потребни проекти како што се 5 нови мега-паркови, 5 нови булевари, обновена Универзална сала како и набавка на 250 нови еколошки автобуси. Беше ветено и најдобар Луна парк на Балканот, жичарница од Скопје до Средно и садење на 100.000 дрвја секоја година.
Имаше во нејзините планови и други проекти. На пример во јануари 2024 година таа вети целосно чистење на напуштената депонија Вардариште.
Објаснување и отчет за реализираното на сето тоа јавноста го очекува.
Дали ќе се случи зависи од пристапот и одговорноста на Арсовска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
