„Лајка” доби 600 килограми храна за кучиња и 10 рачно изработени куќички за кучиња, a донацијата беше обезбедена преку активностите организирани по повод вториот роденден на Дајмонт Мол. Во рамките на одбележувањето на вториот роденден, трговциот центар организираше низа активности во соработка со ЈП „Лајка”, во насока на подигнување на јавната свест за потребата од заедничко делување за подобрување на состојбата со бездомните животни во Скопје.
За време на акцијата се организираа и активности за да се поттикне вдомување на кучињата кои чекаат нов дом.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
