Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Македонија избира градоначалници, почна вториот круг гласање
    Политика

    Македонија избира градоначалници, почна вториот круг гласање

    02/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Се отворија гласачките места низ Македонија. Се гласа на вториот круг на Локалните избори. Денеска до 19 часот 1.013.375 гласачи ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. За советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари, а нема воопшто да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, каде што во првиот круг не беше исполнет цензусот на излезност. Таму постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршување на Локалните избори.
    Во вториот изборен круг за градоначалник се гласа во Градот Скопје и во општините Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.
    Изборите ќе ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи.
    ДИК потсетува дека индетификацијата на гласачите се врши важечка лична карта или пасош и со апаратите за биометриска идентификација.
    Резултатите од гласањето на изборите се очекуваат во текот на вечерта, а се очекува последната прес-конфренција ДИК да ја одржи околу 23 часот.
    Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.
    На овие локалните избори вкупно учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

    Поврзани вести:

    Стојаноски до СДСМ: Каде бевте седум години, сега барате средства за проблеми што не ги решивте?

    Стојаноски до СДСМ: Каде бевте седум години, сега барате средства за проблеми што не ги решивте?

    СДСМ бара оставка од Тошковски: Одговорноста мора да почне од врвот

    СДСМ бара оставка од Тошковски: Одговорноста мора да почне од врвот

    СДСМ: 51 милион евра од пензиски придонеси не се префрлени во вториот столб

    СДСМ: 51 милион евра од пензиски придонеси не се префрлени во вториот столб

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    втор круг градоначалници локални избори општини скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Стојаноски до СДСМ: Каде бевте седум години, сега барате средства за проблеми што не ги решивте?

    20/11/2026

    СДСМ бара оставка од Тошковски: Одговорноста мора да почне од врвот

    20/11/2026

    Арсовска: Ганиу ме тужи за клевета, но јас имам 3.200 страници докази

    20/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.