Кина утре ќе испрати во вселената четири лабораториски глувци – два мажјаци и две женки за да види како глодарите ќе се однесуваат во орбитата. И Град Скопје експериментира со глувци – им направи услови и сега гледа како тие се однесуваат на улиците.
Ако уште тераме на иронија тогаш треба да се каже дека скопскиот експеримент е подобар, оти глувците не се ставени под ризик како оние кинеските кои одат во неизвесност.
Но, настрана иронијата оти состојбата е сериозна– скопјани прашуваат – до каде е работата со решавање на проблемот настанат со појавата на многу глувци и стаорци поради големата криза со расфрлено и несобрано ѓубре низ главниот град?
Дете беше и каснато од глушец во близина на училиште. Ова е крајно опасно и бара итна и соодветна реакција на надлежните служби. Се реши ли проблемот?
Ако се решил, не е лошо решението да го испратиме до тројцата кинески космонаути кои ќе полетаат во вселената заедно со глувците. Уште имаме време за тоа кинеската ракета полетува, утре.
